СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.133 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Кај 41 возач, соопшти МВР, е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 82 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 51 возач, кај 23 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 70 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 49 возачи управувале возило со над 90 километри на час во населено место.
Исто така, изречени се 39 прекршоци за некористење сигурносен појас, 56 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 33 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 480 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање првенство на минување на пешаци изречени се 17 прекршоци, за непрописно престројување изречени се седум прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 35 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се седум прекршоци, а кај шест возила е утврдена техничка неисправност, додека, пак, со пајак возило подигнати се 344 возила.
СВР Скопје и натаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат незгодите, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?



