| четврток, 6 декември 2018 |

И кај амбасадорот Волерс се прави ајвар (ФОТО)

Сопругата на американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс, Мери Џо Волерс, пo четврти пат приготви македонски ајвар кој ќе замине во САД, пишува Телеграф.мк.

ajvar500
Како што пишува порталот, нејзе и помогнале Вероник Герет, сопруга на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет, и нивната помлада пријателка од Ирска, Кетрин Браун, а се било под надзор на главната готвачка во резиденцијата на САД, Лилјана Соколовска.

1ajvar500
Според Телеграф, годинава семејството Волерс направило ајвар од 30 килограми пиперки, затоа што наскоро заминува од земјава. Мери Џо Волерс би сакала и во САД да проба да направи ајвар со ќерките и задоволна е што научила нешто од овдешната традиција за храната.

Фото: Телеграф.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top