| четврток, 6 декември 2018 |

Наставничка од Белград им испраќала еротски фотографии на своите ученици

Наставничка во основно училиште во Белград на своите ученици им праќала еротски фотографии.

prof

Четириесетипет годишната Л.Д.  која предава техничко образование во основното училиште “Драган Лукиќ“ на Бежанијска коса во Белград, им исраќала еротски фотографии на своите ученици тврди нејзина колешка.

Пријавата стигнала и до градската инспекција од Секретаријатот за образование и детска заштита и извршила вонреден надзор во училиштето.

Таа е разоткриена кога некој на нејзиниот Фејсбук профил објавил преписка меѓу неа и нејзиното момче. Напишала: “Ова мало гомно сигурно оние слики ќе ги проследи понатаму.“

Перверзната наставничка предавала и во уште едно основно училиште на Бежаниска коса, од каде изјавија дека се срамат што таква личност се занимава со педагошка работа.

Наставничката тврдела дека таа не им ги испраќала на учениците, туку на некој друг човек кој нема врска со училиштето.

Таа важела за амбициозна и добра наставничка, разведена, самохрана мајка на две деца.

Од полицијата потврдиле дека немаат пријава против наставничката и дека всушност таа поднела пријава против непознат сторител заради хакирање на нејзиниот профил и објавување на нејзини фотографии како и преписки со партнерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top