| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката под маска првпат ќе го покаже изгореното лице на ТВ

bez-lice500

Дана Вулин од Австралија доби смртоносни изгореници на повеќе од 60 отсто од телото, вклучувајќи го и лицето бидејќи љубоморна сопруга на момчето со кое разговарала на една забава, ја полила со бензин и ја запалила.

– Немам лице и се чувствувам како да сум никој и ништо, вели 28-годишната Дана на која животот и се претворил во пекол.

nema-licee500

Таа во меѓувреме стана медицинско чудо, бидејќи успеала да ја победи смртта. Таа сега е приморана да носи маска на лицето, и нејзината приказна досега ја објавиле скоро сите медиуми низ светот.

Причина за потсетувањето на нејзината страшна судбина е тоа што Дана во неделата ќе ја тргне маската од нејзиното лице.

Дана ќе ја извади маската пред камерите на австралиската телевизија Канал 7 пред стотици милиони гледачи. Таа ќе го види своето лице после 2 ипол години и по 30 болни опреции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top