| четврток, 6 декември 2018 |

Австриски затвор по грешка ослободил Србин, сега го бара да се врати назад

osloboden-greska-zatvor-avstrija-01

Затворот Гарстен во Горна Австрија, по грешка, три години порано го ослободил граѓанинот на Србија кој таму издржувал казна затвор поради грабеж, па сега го повикуваат да се врати, објавија медиумите од таа земја. 

Генералот Петер Прехтл изјвил дека жали за грешката, но застанал во одбрана на своите затвроски службеници.

Непланираното кратење на затворската казна настанало поради погрешно внесување во компјутерот. Поради тоа, 30-годишниот Србин бил ослободен од затвор и протеран од Австрија. Сега Австрија повторно го бара назад.

На негова адреса во Србија веќе бил пратен повик повторно да се јави на издржување на казна, а доколку не го направи тоа, ќе биде распишана меѓународна потерница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top