На отварањето на новиот спортски комплекс „Јане Сандански“ во рамките од второто коло од Лигата на шампионите РК Вардар убедливо го победи Чеховски Медведи со 39-28.
Во прекрасна атмосфера во новата сала пред повеќе од пет илјади гледачи избраниците на тренерот Раул Гонзалес ги оправдаа очекувањата на сите симптазиери и со пракрасна игра на моменти и доста атрактивна.
Победникот беше решен уште во првиот дел кога Дибиров со осум голови потпомогнат од ДУјшебаев кој постигна пет во овој дел од натпреварот направија недостижна разлика од 12 голови (24-12).
Во второто полувреме стручниот штаб одлучи да им даде шанса на сите играчи кои придонесоа со фантастична борбеност.
Голманот Ангелов беше одлична замена за Штербик од првото полувреме и повторно како и секогаш ја крена публиката на нозе и направи вжештена атмосфера.
Во овој дел од играта се истакна македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов и новото заслување на десното крило Данил Шишкарев кои додадоа на „голеадата“ по пет гола.
Најефикасен на мечот беше Дибиров со осум гола, Дујшебаев постигна седум, Стоилов и Шишкарев по пет.
Кај „Мечките “ од Русија се истакнаа младиот руски репрезентативец Алексадер Деревен со седум гола и голманот Грамс Олег кој во второто полувреме фати неколку тешки топки и натпреварот го заврши со десет одбрани.
Следниот натпревар Вардар повторно го игра во Скопје против еден од фаворитите во групата германскиот гигант Рајне Нехар. Овој натпревар европската куќа на ракометот ЕХФ го прогласи за натпревар на третото коло. Ова е повод и следниот викенд да уживаме во мајсториите на вардаровите играчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.