| четврток, 6 декември 2018 |

Белград: Наставничка им праќала свои голи фотографии на учениците?

gradi

Наставничката Л.Д. која има 45 години и во едно основно училиште во Белград предава техничко образование, им праќала свои еротски фотографии на учениците, тврди нејзина колешка.

Градската инспекција од Секретаријатот за образование и детска заштита реагирала веднаш и извршила вонреден надзор во училиштето. Директорката на училиштето потврдила дека во таа институција пристигнала анонимна пријава против Л.Д. и дека инспекција била во училиштето.

Обвинетата наставничката била во шок кога дознала и рекла дека некој ѝ  го хакирал профилот и нејзиното допишување со партнерот го објавил на Фејсбук.

– Не е точно дека сум им праќала разголени фотографии на учениците. Мојот приватен живот нема врска со мојата работа. Фотографијата на која сум во долна облека и која воопшто не е порнографска, му ја испратив на поранешниот партнер кој нема никаква поврзаност со ова училиште. Јас сум самохрана мајка на две ќерки, и ова навистина не ми е потребно – изјавила наставничката и додала дека го пријавила случајот во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top