| четврток, 6 декември 2018 |

По грешка платил пица 180 илјади фунти

pica

Еден 19-годишен Англичанец решил да се почасти со пица во познатиот британски ланец на пицерии „Домино“, но не ни очекувал дека ќе стане купувач на најскапата пица на светот, пренесуваат медиумите.

Натанаил Болвел со картичка ја платил пицата, но се изненадил кога следниот пат кога сакал да плати, трансакцијата му била одбиена.

Англичанецот решил да ја провери банкарската сметка и скоро ќе се онесвестел: наместо да биде во плус 400 фунти според неговите пресметки, тој бил во минус 179.020,80 фунти.

Тој веднаш заминал во банка и подоцна се покажало дека на цената од 17,99 фунти, случајно бил додаде бројот 3232, кој е всушност неговиот пин, така што вкупната трансакција изнесувала 189.932,32 фунти.

Парите му биле вратени во рок од една недела недела, а ресторанот, како компензација му подарил 100 фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top