| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Медицинска сестра излекувана од ебола

Ebola in Liberia

Медицинска сестра од Франција која била заразена од ебола додека волонтирала во Либерија е излечена од смртоносниот вирус, изјави министерката за здравство на таа земја Марисол Турен.

Турен изјави дека медицинската сестра е излечена и ја напуштила болницата.

– Француската медицинска сестра, првиот државјанин на оваа земја кој беше заразен од ебола, е префрлена во Франција на 19 септември и го мина експерименталниот третман во воената болница во едно предградие на Париз – изјави Турен.

Од ебола досега умреа повеќе од 3.300 лица во западна Африка.

Турен во Франција одобрила употреба на три експериментални лека за третман на ебола, вклучувајќи го и „авиган“, кој во Јапонија е одобрен во март.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top