| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите урнаа ирачки хеликоптер

Damaged_US_Army_AH-64_Apache_IraqЏихадистите на групата Исламска држава (ИД) денеска урнаа ирачки воен хеликоптер во северниот дел од земјата, соопштија ирачки официјални претставници.

Претставник на ирачкото Министерство за одбрана изјави дека екстремистите со ракетен фрлач го урнале хеликоптерот Ми-35 меѓу градовите Беиџи и Ел Сение.

Според други официјални претставници, при нападот загинале пилотот и копилотот.

Во Беиџи, кој е оддалечен 200 километри северно од Багдад, се наоѓа најголемата нафтена рафинерија во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top