Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија која воведе разни форми на комуникација со граѓаните преку директен контакт со нив, преку посета во нивните домови, промовирање на програми, отчети во изминатите 7-8 години.
– На овие избори предизвикот за нас беше да го пронајдеме начинот како сите наши кандидати за градоначалници ќе можат целосно да информираат за своите програми, за своите проекти, планови и активности, но и отчет за тоа што досега направиле, рече Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори, како што нагласи, одлучи да направи интегриран систем на интернет сајтови, на кој може да се најдат податоци за кандидатите, нивните биографии, кандидатите за советници, отчет за досега сработените проекти, програма за следните четири години и планот за активности односно календарот за активности во текот на изборната кампања, до фотографии, видеа на нивни настапи, средби со граѓаните…
– Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори во делот на водење на кампања направи 69 посебни интернет страни за секој од кандидатите поодделно, рече Димовски.
Достапот до овие страни, како што појасни, е многу едноставен заради тоа што домеинот каде што може да се пронајде страната е идентичен со името и презимето на секој кандидат, како на пример г-динот Коце Трајановски, доменот на неговата страница е www.kocetrajanovski.mk и еден интегриран агрегат кој што е под иметоwww.gradonacalnici.mk во кој што се интегрирани и селектирани сите вебстрани на кандидатите на едно место.
– Секој граѓанин на македонија, а во државава присуството на интернет просторот е над 60 отсто ќе може од едно место да ги следи и целокупната активност на ВМРО-ДПМНЕ на оваа изборна кампања, но и целокупната активност на кандидатот за градоначалник во општината од која што тој потекнува или за општината за која тој посебно се интересира, рече Димовски.
Имајќи предвид, како што нагласи, дека на претходните избори ВМРО-ДПМНЕ први започнаа со пренесување во живо на предизборните собири, за нив, како што додава, на овие избори голем предизивик бил да воведат новитети во комуникацијата со граѓаните.
– На овој интегриран систем ги има сите програми на кандидатите за градоначалници, ги има отчетите за она што досега го сработиле, ги има нивните биографии, ги има сите кандидатски листи на советници и огромен број на видео презентации и спотови, како и видеа од нивните теренски активности, рече Илија Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)