| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува со сестрите Вилијамс, по Венус, во Пекинг се откажа и Серена

Што се случува со сестрите Вилијамс, Венус и Серена, и дали е на повидок крај на кариерата на двете врвни тенисерки што газеа на турнирите во новиот милениум и заедно имаат 25 гранслем-титули во поединечна конкуренција.

И двете сѐ почесто имаат проблеми со повредите, а на турнирот во Пекинг, што е во тек, најпрво Венус ѝ го предаде мечот на Петра Квитова без игра и се повлече, а денеска и Серена се откажа и ѝ го предаде мечот на Саманта Стосур.

Веројатно и годините си го прават своето, бидејќи Венус има 34 години, а нејзината помала сестра Серена наврши 33. До кога ќе имаат капацитет рамноправно да се носат со конкурентките е под голем знак прашалник, а сѐ погласно во тениските кругови се говори за повлекување и на Венус и на Серена од професионалните турнири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top