Дали имаше можност да го гледаш последниот дуел помеѓу Барселона и Реал?
Марадона: Нормално, не би пропуштил такво нешто. Забележав дека двата тима се сега изедначени за разлика од порано. Мислам дека Мурињо многу подобро го подготвил својот тим од Барселона.
На што конкретно мислите?
Марадона: Мислам, Барселона имаше навистина лоша предсезона. Тимот играше само пријателски бидејќи луѓето се подготвени да платат цело богатство за ја гледаат Барса, во Малезија или Кина на пример. Но летото мора да биде и основата за цела сезона и таа не се гради од натпревари туку од тренинг сесии. Верувам во тренинг со топката. Никогаш нема да верувам во трчање од 50 километри. Кога ќе видам колку километри поминуваат велосипедистите на тренинг, си помислувам овие мора да се ненормални.
Дали повторно се врати возбудата во Ел Класико?
Марадона: Пеп и Моу се и двајцата големи мајстори кои играа партија шах еден против друг. Сега Мурињо мора да игра сам и покрај тоа што Тито е инзвoнредна личност – се надевам дека ќе оздрави брз0 – и добар тренер сепак, Пеп му даваше значење на овој тим. Барса почна комплетно да се распаѓа без него. Наместо 3-4 брзи подавања и гол, тимот прави многу беспотребни додавања. Барселона ми наликува на многу уморен тим според мене.
Што е со Меси?
Марадона: Лионел сепак е само Меси а не Месијата. Не сакам да го критикувам или да го подржам само поради пријателството. Меси не може да ја спасува Барселона секој натпревар. Барса моментално се наоѓа на многу тежок пат и Меси како дел од колективот страда поради лошата предсезона. Во текот на летото играше по 60 минути во безначајни натпревари бидејќи организаторите платиле за да го гледаат него. И тоа го истроши како и поголемиот дел од тимот.
Се зборува дека CR7 е подобар од Лео во моментов. Дали се согласувате со тоа?
Марадона: Не, не ни гледам на тој начин деновиве. Мислам дека не можете да го критикувате Меси поради два натпревари, со се тоа што го постигна годинава. Кристијано секогаш беше феномен и тоа не повеќе вистина сега отколку што беше во минатото. Беше неверојатено во Манчестер и сега е исто така во Реал. Вистински ѕвер е на теренот. Го видов во саботата одблиску и морам да кажам изгледа уште поголем, како џин. По разговорот со Моу, сфатив дека станува збор за вистински професионалец кој постојано сака да игра. Но не можете да го обвините Меси за поразот во два натпревари.
Што ти се има тебе случено во твојата кариера. Кога на пример Наполи или Аргентина ќе изгубеле два натпревари по ред, дали се тоа беше твоја вина?
Марадона: Никогаш не сум изгубил два натпревар по ред во својата кариера! Нели? (се смее)
Извор: klizac.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.