
Според новиот Предлог-закон населено место доколку се надмине брзината од 50 километри на час казната за физичките лица е 500 евра во денарска против вредност или 65 негативни поени и заштитна мерка забрана за управување со возило од 6 до 12 месеци. До 10 километри на час над дозволената брзина казната е 20 евра, од 10 до 30 километри 45 евра или 25 негативни бода, од 30 до 50 километри на час поголема брзина од дозволената во населено место казната е 300 евра или 50 негативни бодови и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци.
Надвор од населено место за надминување на дозволената брзина до 30 километри на час глобата е 10 евра или 10 негативни бода на возачката книшка, од 30 до 50 глоба од 45 евра во денарска против вредност или 25 негативни бодови, од 50 до 70 километри на час над дозволеното глобата е 300 евра или 50 бода и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци, и 70 километри на час над дозволеното казната е 500 евра или 65 негативни бодови и заштитна мерка забрана за управување со возило од 6 до 12 месеци.
Правните лица, согласно новиот Предлог-закон за сообраќајните прекршоци главно ќе плаќаат глоба од 1.000 евра, а одговорното лице во правниот субјект 30 проценти од утврдената глоба.
Што се однесува до алкохолот измени има во однос на професионалните возачи и тоа до 0,5 промили алкохол во крвта глобата е 200 евра или 40 негативни бодови, од 0,51 до 1 промил 250 евра или 40 поени, од 1,01 до 1,50 глоба 300 евра или 50 поени, од 1,51 до 2 промили алкохол во крвта глобата е 350 евра или 55 поени, а над 2 промили 400 евра или 60 казнени поени. За сите овие е предвидена и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци.
Новина во Предлог-законот е тоа што е предвидено лицата да можат да бидат задржани во Полициска станица се до нивно отрезнување, а најмногу до 12 часа.
За сигурносниот појас доколку не го користи возачот глоба е предвидено од 45 евра во денарска против вредност или 25 негативни бода, додека за сопатниците казната е 50 евра. Говорење на мобилен на возачот ќе се казнува со 45 евра или 25 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


