Двајца алкохолизирани битолчани физички се пресметале со сообраќајни полицајци кога овие ги сопреле, вчеравечер во Битола.
Настанот, како што извести МВР се случил околу 23,30 часот во Битола на улица Иво Лола Рибар, во близина на место викано Стариот Прогрес, кога од страна на двајца полицајци на СВР-Битола, при легитимирање во сообраќајот, И.Ш.(30) и С.В.(21) двајцата од Битола, физички го нападнале едниот полицаец, влечејќи го за униформата, а потоа неколку пати со рака го удриле во пределот на градите.
При нападот кон полицаецот биле упатувани разни закани. На полицаецот во клиничка болница Битола му е констатирана телесна повреда. Двајцата се приведени во СВР-Битола, каде им е извршено алкотестирање при што кај И.Ш. е утврдено од 2,84 промили алкохол во крвта, додека кај С.В. 2,74 промили. Против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.