Припaдници на доброволните одреди на самопрогласената Донецка народна република имаат целосна контрола врз аеродромот во Донецк.
Украински војници останале само во подземните комуникациски делови од терминалот, јавија руски медиуми кои се повикуваат на информации од Министерството за одбрана на ДНР.
Според соопштението, во моментот проруските активисти проверуваат дали во објекти од аеродромот има поставени експлозивни средства.
Проруските сили се обиделе во неколку наврати последната седмица да ја преземат контролата врз аеродромот во Донецк кој се наоѓа под контрола на украинската војска, додека градот Донецк е под контрола на проруските сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)



