| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаецот што го претепа Вучиќ со дебело досие

andrej-vucic-policija-prebijanje-foto-printskrin-1412067182-576986

Триесет и петгодишниот Предраг Мијатовиќ, познат како Флека, е полицаецот кој се гледа на снимките. Тој го претепал Андреј Вучиќ и му го задава последниот удар во бубрег. Покрај Флека, кој потекнува од Врњачка Бања, суспендирани се Раде Матиќ, Предраг Ќирковиќ, Далибор Ѓоргевиќ и Драган Савиќ, сите од нишката полиција. Мијатовиќ, како што посочуваат извори од полицијата, е познат по дебелото досие, кое за него го собирала Внатрешната полициска контрола на полицијата.

– Флека е командир на специјалната чета на нишката полиција, тој ги организираше полицајците за работа по нишките кафулиња и клубови, но и по кафулињата во Прокуплје – наведува изворот.

Името на Мијатовиќ го има и на списокот на српските полицајци кои спроведувале терор по градот.
– Тој е дел од групата која учествуваше во ископувањето злато кај археолошкото наоѓалиште Гамзиград, нив никој не може да ги контролира – вели изворот и потсетува дека под изговор дека се на вежба, 30 припадници на полицијата на територијата на Гамзиград три дена со девет џипа го прекопувале земјиштето на приватни имоти и барале злато.

Суспендираните Матиќ, Ѓоргевиќ и Савиќ се припадници на четата за поддршка и тие се на видеоснимката во светли маскирни униформи, додека Мијатовиќ и Ќиркович се од специјалната чета со маски и црни униформи.
Изворот објаснува дека таканаречената специјална чета на нишкиот одред, чиј командир е Сеад Коштиќ, е позната по суровоста и дека тие прво тепаат, па прашуваат кој си и како се викаш.

– И самиот командант на нишкиот одред Сеад Коштиќ е со проблематично однесување и се водат повеќе дисциплински постапки против него – вели изворот.

Тој потенцира дека специјалната чета треба да биде гордост на полицијата. Најголем број од нишките полицајци учествуваа во судирите на Косово, тие се поранешни припадници на Единицата за специјални операции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top