| четврток, 6 декември 2018 |

Еден е Златан Ибрахимовиќ (видео)

Sweden vs France

Шведскиот интернационалец со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ денеска полни 33 години. Тој е еден од најсликовитите и најразновидни напаѓачи во модерниот фудбал.
Шведска ладнокорвност и истрајност и балкански менталитет, или го сакате или го мразите, секако не може да останете рамнодушни.
Способен е во еден момент да ве одушеви со своите фудбалски магии, а веќе во следниот да ве изнервира со своето однесување.
Човекот што доби поштенска марка со неговиот лик во неговата држава, а неговото име влезе во официјалниот шведски речник, денеска полни 33 години.
Не е лошо да се присетиме на некои од неговите „бисери“ надвор од теренот, но и на фантастичните голови што ги доведува симпатизерите до лудило.

По приказната што кружеше дека е хомосексуалец, на поставеното прашање на една новинарка популарниот Ибракадабра одговори:

Дојди кај мене дома да провериш. Доведи ја и сестра ти.

Никогаш не криеше дека не се сака со Гвардиола, кој му беше тренер во Барселона. Неодамна повтори дека не ја освоил Лигата на шампионите токму поради него, а се закануваше и дека ќе го истепа ако го види надвор од Каталонија.

Не сум насилен, но да сум на негово место, би се плашел од Златан – потврди Ибрахимовиќ.

Сликовито ги објасни и тренерските способности на Пеп.

Ме купи како „ферари“, а ме возеше како „фијат“ – објасни Швеѓанецот.

Како се чувствува неговиот тим кога тој е повреден?

Повредениот Златан е сериозен проблем за секој тим – тврди Ибра.

Познато е дека како млад талентиран играч го одбил лично „професор“ Венгер да дојде на проба во Арсенал.

– Јас не одам на аудиции – го одби Венгер и премина во Ајакс каде што ја почна блескавата кариера.

Со жена му е од неговата најрана младост. Хелен Сегер е постара од него, но никогаш не ѝ купил подарок.

– Не ѝ треба. Доволно е што го има Златан, тоа е најголем подарок – ги објаснува своите ставови човекот што заработува 15 милиони евра годишно од ПСЖ.

Ова се само мал дел од неговите каприциозни изјави. Но мора да признаеме дека само легендите успеваат на на ваков начин да посстигнуваат голови.
Среќен роденден Златан Ибрахимовиќ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top