Хрватскиот репрезентативен голман Иван Пешиќ го живее вториот живот по инцидентот во 2009 година, кога тој го загуби бубрегот, а неговиот соиграч од Веспрем, Маријан Козма го загуби животот. Утре против Металург, 25-годишниот голман ќе брани за Мешков Брест во меч од второто коло во Лигата на шампионите, откако, за среќа, закрепна по атаката на организирана мафијашка група од 30 луѓе пред пет години.
– Имав многу среќа и брзо закрепнав по нападот. Сега го живеам вториот живот, а повторно велам, за среќа, продолжив и во ракометот. Не го заборавам Маријан, кој беше одличен ракометар и уште подобар човек – вели Пешиќ.
Покрај нив, во инцидентот што се случи пред дискоклуб кај езерото Балатон во Унгарија, повреден беше и Жарко Шешум, но и тој закрепна и по настапите за Вепсрем замина во Германија во редовите на Рајн Некар Левен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


