Мила Кунис и Ештон Качер станаа горди родители на малото девојче, кое доби малку машко име Вајат Изабела Качер. Иако е девојчето штотуку родено, веќе стана мета на папараците кои не се тргаат од куќата на познатиот пар. Токму поради оваа причина, Ештон ја објавил фотографијата од новородената ќерка на својата страница Aplus.
– Мила и јас сакаме да ја претставиме Вајат Изабела Качер на светот – напишал Качер.
– Нека твојот живот биде полн со чуда, љубов, смеа, здравје, среќа, љубопитност и приватност. Можете ли да погодите кое е нашето бебе, или дали воопшто е важно тоа? Сите бебиња се слатки – пишува Качер.
Сепак, со не толку среќно расположение го напишал ова на неговата Фејсбук страна:
-Еве ја сликата од детето. Па, едно од нив е. Сега тој хелокоптер над нашата куќа може да престане да лета, бебето спие таму внатре! – напишал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.