| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеникот Ѓорчев на есенските состаноци на ПС на ОБСЕ

gorcev

Од денеска до 5 октомври во Женева, Швајцарија ќе се одржат есенските состаноци на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) на кои ќе учествува  пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Централна тема на овие состаноци на ПС на ОБСЕ се „Новите безбедносни предизвици: улогата на парламентите“, во рамките на која ќе  биде дискутирано за политичката и воената димензија, економската и димензијата на животната средина и хуманата димензија.

Во рамки на овие состаноци, седници ќе одржуваат и Медитеранскиот форум на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

На учесниците на овие состаноци со поздравни говори ќе им се обрати Илка Канерва, претседател на ПС на ОБСЕ, Ханес Герман, претседател на Државниот совет на Швајцарија и Дидије Буркхалтер, претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top