Откако вчера во Охрид десетици илјади луѓе присуствуваа на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва карванот ќе застане во Виница и во Кочани.
Во 17 часот ќе се одржи митингот во Виница, каде што ќе се обрати и кандидатот за градоначалник Емил Дончев.
Во 20 часот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат митинг во Кочани, каде што ќе се промовира и кандидатот за градоначалник Ратко Димитровски.
На митингот ќе се обратат премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и кандидатот за градоначалник Ратко Димитровски.
В среда коалицијата „За подобра Македонија“ ќе се обрати пред граѓаните во Неготино и во Кавадарци, а в четврток во Маврово-Ростуша, Гостивар и во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)