| четврток, 6 декември 2018 |

Го преживеала силувањето на убиецот: Врескај колку сакаш, нема кој да те чуе!

 

кристина

Кристина Ковачевиќ (22), на основа на чија пријава полицијата го уапсила Дарко Костиќ и го нашла телото на Ивана Подрашчиќ, рекла дека Костиќ ја киднапирал од пазарот на кој работела и два часа се изживувал над неа во истата куќа во која полицијата подоцна го нашла телото на убиената девојка.

Кристина за српски Курир вели дека Костиќ е чичко на нејзиниот невенчан сопруг и дека на пазарот го видела по втор пат во животот.

-Застана покрај мојата тезга и продаваше некои половни работи. Ме поздарви, но после тоа веќе не разговаравме. Тој очигледно чекаше да завршам со работа, па да тргне по мене. Околу 20.30 појдов накај дома, но тогаш на автобуската станица на Видиковец, Дарко ми стави нож под ребрата! Раката ја покри со јакна и се закануваше дека ќе ме убие ако прозборам – раскажула потресена Кристина и додала дека била принудена со градскиот превоз да оди со него на Петлово брдо.
Според нејзините зборови, од самото влегување во куќата во Ракавица, Дарко пошнал да се изживува над неа.
-Ми ги врза рацете и ми стави нож под грлото. Бараше од мене орално да го задоволам. Во еден момент кога вриснав, ми рече: Можеш да врескаш колку сакаш, овде нема кој да те слушне. Ти реков да воздивнуваш, а не врескаш. Потоа ми ги рашири нозете и така раширени ги врза со јаже за шајките заковани на прозор, а потоа ме силуваше. Цело време се закануваше дека ќе оди по мојата ќерка, која има шест и пол години и дека ќе ја доведе и над неа да се изживува пред да ја убие- раскажала Кристина.
Таа додала дека Дарко околу 23 часот ја врзал со јаже околу вратот и положил на кревет. Со истото јаже и ги врзал рацете на грб и нозете.

крис

-Ми стави крпа во устата и ме облепи со селотејп. Рече дека ќе ме пушти за 45 минути и потоа отиде. Имав среќа што јажето беше скапано, па некако успеав да го скинам и да побегнам- раскажала  Кристина.

За тоа време Дарко отишол до нејзината куќа и ја прашал мајката на Кристина каде и е ќерката.

-Мајка ми рекла дека се уште не сум се вратила од пазар, а тој се зачудил и рекол: Како е возможно да ја нема се уште. На тој начин сакал себеси да си направи алби. Веројатно после тоа би се вратил во куќата и би ме убил- додала Кристина Ковачевиќ.
Штом побегнала од куќата, Кристина го пријавила силувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top