| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот по злосторството се сликал на „Фејсбук“

костиќ

Дарко Костиќ (39) по убиството на Ивана Подрашчиќ се фотографирал и на социјалните мрежи се допишувал, како да е сѐ нормално, како да не направил монструозно злосторство.

Убиецот на 16 септември, две недели откако ја силувал и убил девојката, поставил фотографија на која се смее и позира во белградскиот превоз.

– Еве засега една слика, утре нова – напишал Костиќ, а само две недели порано направил стравично злосторство.

Откако ја поставил фотографијата, неа ја коментирале неколку негови пријатели. На својот профил на „Фејсбук“ ги имал вкупно 30.

Убиецот Костиќ бил пријател на „Фејсбук“ и со Ивана. Полицијата истражува колку и за што се допишувале. Колку бил активен на социјалните мрежи говори и фактот дека минатата недела станал пријател со уште пет луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top