| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ сепак ќе оди на избори?!

Ќе протестираат до последен ден, кога сепак, ќе ги поднесат кандидатските листи

СДСМ сепак ќе излезат на избори, коменгтираат членови на опозиционата партија. Според Прес 24 опозицијата ќе го искористи периодот до 16 февруари за да се врши притисок врз власта и да се обезбеди простор во медиумите преку кој ќе може да се испраќаат политчки пораки, а на последниот ден, сепак ќе се поднесат кандидатските листи кои во најголем дел се веќе затворени.
Функционерите на СДСМ во своите јавни настапи излегуваат со став, дека на локалните избори најверојатно нема да учествуваат, но конечен одговор сеуште нема, иако валдејчката ВМРО-ДПМНЕ јасно стави на знаење, дека предвремени избори, заедно со локалните нема да има. Како се наближува крајот на рокот, опозицијата го засилува уличниот притисок, па од пред Рекорд, од утре се сели низ сите градови во Македонија, а покрај ова, секој ден на пладне ќе започне и со блокада на по една скопска улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top