| четврток, 6 декември 2018 |

Репортер пронашол исчезнато момче додека известувал за него (ВИДЕО)

Репортерот Камерон Полом во моментот кога известувал на телевизија за исчезнувањето на десетгодишното момче Пол Езекиел Фаган во Тамп (Флорида), во блискиот двор здогледал мало момче кое одговара на неговиот опис.

momce

Момчето лутало наоколу и делувало уморно. „Погледна во мене и си помислив ‘Дали е тоа можеби тој? Зарем е возможно?’“, раскажува новинарот за „Тудеј“.

Веднаш го одвел момчето во полиција, кое потоа му било вратено на семејството. Момчето, кое исчезнало во вторникот околу 16 часот по локално време, наводно му рекло на новинарот дека заминал од куќата на баба му за да биде малку сам, без своето помало братче. Поминал некое време во дворот на соседите, каде што заспал.

Кога Полом го видел околу 19 часот, бил добар и неповреден, единствено се плашел да не го караат дома. За тоа немало потреба, бидејќи семејството било пресреќно што го гледа и што ништо не му се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top