| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Санкциите од Западот се целосна глупост!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги отфрли тврдењата дека Русија има негативни ефекти поради санкциите од западот и истакна дека санкциите само ќе ја „охрабрат Русија“ да изгради потесни врски со Кина, Индија и земјите од Латинска Америка.

putin1

Зборувајќи на инвестицискиот форум „Русија повикува“, Путин ги опиша санкциите од Западот како „целосна глупост“ кои само го погодиле бизнисот во западните држави и им понуди можност на некои други земји да влезат на рускиот пазар.

– Ограничувањата, таканаречените санкции, секако, се целосна глупост на владите кои го ограничуваат нивниот бизнис, ја отеѓнуваат нивната работа, ја намалуваат конкурентноста и се откажуваат од своето место на таков ветувачки пазар, како што е рускиот – рече Путин.

Тој уште оцени дека овие санкции претставуваат кршење на основните принципи на Светската трговска организација и нанесуваат трајни штети на глобалната економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top