Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер изјави денеска дека европскиот безвизен режим за патување мора да биде изменет за да се спречи исламските екстремисти да минуваат граници без да бидат забележани.
Тој дополни дека кога некој планира да се приклучи кон екстремистички групи во Сирија или Ирак и влезе во Шенген зоната, тоа би требало да ги алармира властите во таа земја.
– Информацијата за тоа дека некој е таканаречен странски борец би требало да биде полесно достапна и препознатлива за пограничните власти – оцени германскиот министер.
Повеќе од 2.000 Европејци, вклучувајќи најмалку 450 од Германија се приклучија кон групата „исламска држава“ и на други екстремистички организации во изминатите години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.