| четврток, 6 декември 2018 |

Додека си го има Мбиа за Севилја нема зима

Камерунскиот репрезентативец Стефан Мбиа повторно беше таличен за шпанскиот тим Севилја во натпревар од Европа Лигата, а 28-годишниот фудбалер како да се специјализира за голови во вистински момент за тимот од Андалузија. Мбиа вечерва погоди во 91 муинута во Риека и го спаси од пораз актуелниот бранител на титулата во Европа Лигата на УЕФА. Гостите од Шпанија извлекоа реми, 2-2 против одличниот тим на Риека.

Мбиа беше клучниот играч на Севилја во ланското издание на ЕЛ, бидејќи постигна погодок во 94 минута против шпанскиот ривал Валенсија во реванш полуфиналето и го одведе својот тим во финалето, што потоа беше освоено по подбро изведување пенали против Бенфика.

И вечерва Мбиа беше побрз од судијата и со гол се избори за 2-2 на Кантрида во Риека.

Резултати, 2. коло, натпревари од 17, 18 и 19 часот:

Динамо Москва – ПСВ Ајндховен 1-0, Краснодар – Евертон 1-1, Алборг – Рио Аве 1-0, Динамо Киев – Стеауа 3-1, Динамо Минск – Фиорентина 0-3, Феенорд – Стандард 2-1, Локерен – Металист 1-0, Слован – Наполи 0-2, Спарта Прага – Јанг Бојс 3-1, Трабзонспор – Легија 0-1, Волфсбург – Лил 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top