| четврток, 6 декември 2018 |

Како се трошат 2 милиони фунти за само 3 часа?

Неименуван руски милијардер направил сметка од два милиони фунти за само три часа во вторникот навечер, на посебен настан за богати во приватниот клуб во лондонски Мејфеар.

mili

Русинот ги потрошил парите за шампањско и накит иако дури 20.000 фунти од шампањското Luxor е ставено на сметка на „куќата“. И покрај тоа, мистериозниот богаташ на крај на вечерта плати неверојатни 2.042.520 фунти.

Во тој износ е вклучена и скапоцен дијамантски гердан Asscher, кој чини 980.000 фунти и три белегзии и обетки, во вкупна вредност од 721.600 фунти.

Откако ги потршил парите за накит, на милијардерот му останало да плати и неверојатни 340.420 фунти данок, пишува „Дејли Мејл“.

Освен богаташот на настанот имало и убавици кои го носеле скапоцениот накит, а еден од сведоците на собирот вели:

– Во просторијата се наоѓаа околу 40 најбогати луѓе во Лондон, но големо е изненадувањето дека еден од нив потроши повеќе од два милиони фунти за помалку од три часа. Тоа беше еден од најлуксузните настани на кои сум бил, сите гости беа милијардери, не милионери или мултимилионери. Таму беше најбогатата лондонска елита, арапското кралско семејство, Руси и многу богати Европејци. Имаше телохранители колку и гости. Моделите се шетаа околу масите со накит на себе и кога алкохолот почна да тече беше само прашање на време кога некој ќе ја достигне сумата од седум цифри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top