| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен шефот на сицилијанската мафија

Шефот на сицилијанската мафија Себастијано Бруно денеска е уапсен на Малта, јави ДПА, повикувајќи се локални полициски извори.

mafija

Педесет и шестгодишниот Бруно од властите се крие уште од 2009 година, кога е осуден на доживотен затвор.

Тој бил приведен во кооринирана операција на полициите од сицилискиот град Катанија и од Малта, врз основа на потерница издадена од Интерпол.

Бруно бил еден од лидерите на мафијата за време на крвавата војна за територии во 90-те години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top