| четврток, 6 декември 2018 |

Елон Маск: Би преселил милион луѓе на Марс

Бизнисменот и  директор на “Спејс Икс“ (SpaceX), Елон Маск дошол една по малку до луда идеја да одведе милион луѓе на Црвената планета, за сите да бидат сигурни дека човечката цивилизација би можела да преживее таму.

mars1

“Мислам дека постои јак аргумент за хуманитарниот чин, со цел зачувување на постоењето на човештвото во случај да се случи нешто катастрофално”, изјави тој во интервју кое го даде за дигиталниот магазин “Aeoн”.

Експертите сепак сметаат дека не е далеку од вистината, доколку добро се сослушаат повиците на научниците кои предвидуваат големи климатски промени кои ќе го нарушат животот на Земјата.

Превозот на луѓето во вселената е многу скап и кога ќе се земе во предвид бројот на личности кои би ги однел на Марс, ќе признаете дека е тешко изводливо. Сепак, тој смислил стратегија и за тоа.

“Ако во една тура би можел да превезам 100 луѓе, тоа значи дека би ми требале 10.000 патувања. Меѓутоа, со оглед на тоа дека луѓето ќе носат багаж, тоа значи дека ќе бидат потребни 100.000 полетувања”, вели тој.

Инаку, ова не е прв пат Маск да зборува за колонизација на Марс. На конференцијата “All the All ThingsD’s” минатата година, тој изјави дека нашата планета ќе изумре.

“Или ќе се прошириме на друга планета или ќе изумреме. Тоа е неизбежно случување, а ние бараме само тука начин да преживееме”, изјави тој во таа прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top