| четврток, 6 декември 2018 |

Во Боливија се игра со дресови купени на пазарче (видео)

Фудбалерите на боливискиот клуб Универзитарио имаа незгодна авантура на гостувањето кај ривалот Ориенте и мораа да одиграат меч со фалсификат дресови на Бундеслигашот Штутгарт, купени на локален пазар.

Гостите допатувале со две гарнитури дресови со бела боја, а судијата не им дозволил да играат со нив, бидејќи биле многу слични на зелено-белата гарнитура на Ориенте, па економот на домашниот тим бил испратен да купи нови дресови за да се одигра натпреварот.

bolivija

Човекот купил опрема по пониска цена на локално пазарче и тоа фалсификат дресови на Бундеслигашот Штутгарт. И тие не им донесоа среќа на играчите на Универзитарио, кои го загубија дуелот со Ориенте со 0-4.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top