Четиридневната венчавка на Џорџ Клуни и Амал Аламудин во Венеција, која вклучуваше и раскошни коктел забави, вечери во хотели со пет ѕвезди и раскошен прием пред самото венчавање, чинеше околу десет милиони евра.
Повеќе од 100 гости, меѓу кои и холивудски ѕвезди како што се Мет Дејмон, Сандра Булок и Синди Крафорд, во Венеција уживаа во луксузот што беше подготвен за нив.
Фустанот на невестата го дизајнираше познатиот креатор Оскар де ла Рента. Во цената на венчавката се вклучени и водени такси кои гостите ги превезуваа до разни локации и до хотелот, каде што беа сместени.
Клуни со авион пренесе сандаци од сопствената текила во Венеција, а гостите добија ајподови со омилените песни на младенците.
Меѓутоа, не е познато кој на крајот ја плати сметката.
Италијанските медиуми шпекулираат дека целата церемонија ја платил таткото на невестата. Рамзи Аламудин, пензиониран професор од американскиот универзитет во Бејрут. Но, сосема е сигурно дека неговиот зет, еден од најплатените актери во светот, покрил одреден дел од трошоците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.