| четврток, 6 декември 2018 |

Дани Алвеш: Ќе играм во Англија

Бразилскиот репрезентативец и член на Барселона Дани Алвеш изјави за бразилските медиуми дека ова лето сигурно ќе ја напушти Барселона и својата кариер,а како што нагласи, ќе ја продолжи во колепката на фудбалот.
Десниот бек и ова лето се поврзуваше со трансфер, но се договори со управата на Каталонците да го одработи договорот до крај, кој му истекува на крајот од оваа сезона.
Со тоа Алвеш ќе биде слободен играч без отштета, што го прави привлечен за големите клубови, и, секако, познавајќи ги неговите квалитети.
Тој изјави дека сака да игра во Премиер-лигата во Англија и со оваа изјава упати јавен повик до клубовите од Англија да го ангажираат.
Манчестет Сити, Челси, Арсенал и Ливерпул не се клубовите со кои Алвеш тесно се поврзува. Сепак, најзагреани се Евертон и Тотенхем, кои имаат респектабилни тимови и кои се тенки на таа позиција на која игра фудбалерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top