| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Треба максимум за позитивен резултат

Следниот противник на ракометарите на Металург во Лигата на шампионите е тимот Мешков Брест. Како што изјави Димовски, ги чека уште еден тежок натпревар.

До­бро го поз­на­ва­ме на­ши­от сле­ден про­тив­ник во Лигата на шампионите и мис­лам де­ка в са­бо­та ќе ни прет­стои уште ед­на те­шка з­ада­ча, во ко­ја ќе тре­ба ма­кси­мал­но да се вло­жи­ме за да ос­тва­ри­ме по­зи­ти­вен ре­зул­тат. Со ели­ми­на­ци­ја­та на Та­тран Пре­шов во ква­ли­фи­ка­ци­и­те, Ме­шков Брест се­зо­на­ва нај­а­ви де­ка има се­ри­оз­ни ам­би­ции во Лигата на шампионите, па сме­там де­ка нат­пре­ва­ри­те од груп­на­та фа­за ќе би­дат мно­гу раз­лич­ни од нат­пре­ва­ри­те од Ре­ги­о­нал­на­та ли­га. Има­ме уште два де­на за ана­ли­за на нив­на­та игра и за под­го­то­вка на на­ша стра­те­ги­ја, ко­ја се на­де­ва­ме де­ка ќе ни ја до­не­се пр­ва­та по­бе­да се­зо­на­ва во Лигата на шампионите – ве­ли  Ван­чо Ди­мов­ски, во пре­срет на са­бот­ни­от нат­пре­вар, во спорт­ска­та са­ла „Ви­кто­ри­ја“ во Брест.

Мешков Брест ќе го пречека Металург в сабота од 17 ч. во рамките на второто коло од групата А во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top