Доскорашниот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов, изрази жалење што не успеал да го финишира договорот меѓу Скопје и Софија. Младенов во интервју за бугарската телевизија БТВ изјави дека посакувал до крајот на мандатот да се потпише документот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
– Не успеав да го завршам тоа што го почнавме со Република Македонија. Тоа многу ме мачи, дека не сум го завршил со оглед дека сме само на еден чекор од потпишувањето на тој клучен договор за нашите односи – рече Младенов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.