Навивачите на Галатасарај се бесни по дебаклот од 1-4 на турскиот гигант против Арсенал во Лондон и му порачаа на Чезаре Прандели да си замине дома.
„Прандели, оди си дома, играме како клуб од Малта или Молдавија“, е пораката на симпатизерите на Галатасарај. Италијанскиот стратег не се снаоѓа во редовите на турскиот шампион, а остри критики за неговата работа има и од турските медиуми. Летово Галатасарај го засили и македонскиот фудбалер Горан Пандев, а и тој се вклопи во сивилото што го зафати клубот. Вчера против Арсенал Пандев беше стартер и одигра 68 минути пред да бидер заменет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.