| четврток, 6 декември 2018 |

Јанез Јанша, сепак, ќе оди две години во затвор

јанса

Словенечкиот Врховен суд ја потврди пресудата на Вишиот суд, според која поранешниот премиер Јанез Јанша е осуден на две години затвор поради корупција.

Врховниот суд ја одби жалбата на Јанша, а одлуката е усвоена со три гласа „за“ и два „против“.

Одлуката на Врховниот суд ќе биде објавена откако сите страни ќе бидат известени.

Јанша, лидер на главната опозициска Словенечка демократска партија, е прогласен за виновен минатата година во Судот во Љубљана за примање мито од финансискиот производител „Патрија“ при купувањето оклопни транспортери за Војската на Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top