Светскиот самит на лауреати на Нобелова награда во Кејптаун е откажан поради тоа што јужноафриканските власти одбија да му дадат виза на тибетанскиот духовен лидер далај-лама, изјави добитникот на Нобелова награда за мир, Џоди Вилијамс.
– Самитот е откажан бидејќи повеќе добитници на Нобеловата награда одбија да присуствуваат – истакна Вилијамс во индискиот град Дарамсала, седиштето на далај-лама.
Јужноафриканскиот добитник на Нобелова награда за мир Дезмонд Туту ја обвини Владата дека со неиздавањето виза за далај-лама „плука в лицето на покојниот херој на апархејтот Нелсон Мандела“.
Шест лауреати, меѓу кои и американскиот активист Вилијамс, минатиот месец решија да го бојкотитра мировниот самит во Кејптаун, што требаша да се одржи од 13 до 15 октомври.
Градоначалничката на Кејптаун, Патриша де Лил изјави дека конечната одлука за самитот ќе биде објавена во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за литература ја засени секс скандал
-
Мировниот самит на ОН ќе почне со откривање на споменик на Нелсон Мандела
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ