Самитот за Западен Балкан во Лондон докажува дека Европската Унија продолжува да ја зајакнува соработката со регионот со јасна посветеност и конкретни мерки, фокусирајќи се на три клучни обласи на соработкате – економијата, безбедноста и помирувањето, оцени високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Во обраќањето на Самитот во Лондон, Могерини истакна дека изминативе години „сите заедно работевме на приближување на регионот кон ЕУ во политичка, економска и безбедносна смисла“.
– И видовне значителни резулататите и решевање на најтешките билатерални прашања. Западниот Балкан сигурно чекори напред. Денеска одново потврдуваме дека заедно со регионот на тој пат ја делиме посветеноста кон заедничката иднина, нагласи Могерини, која на Самитот во Лондон ја претставуваше Европската унија.
Покрај Могерини, како претставници на ЕУ на Самитот учествуваа и еврокомесарите за проширување и соседска политика и за безбедност, Јоханес Хан и Џулијан Кинг.
На Самитот во Лондон учествуваше и македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.