| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел до Путин: Употреби го влијанието врз сепаратистите во Украина

merkel i putin

Германската канцеларка Ангела Меркел побарала од рускиот претседател Владимир Путин да употреби умерено влијание на проруските активисти во Украина.

Во телефонскиот разговор, Меркел рекла дека прекинот на огнот во источна Украина мора да се почитува строго.

И Путин и Меркел изразиле загриженост поради постојаните насилства во Украина, соопшти прес-службата на германската влада.

Рускиот претседател и германската канцеларка се согласиле дека украинско-руската граница треба да биде надгледувана на соодветен начин и го истакнале значењето на улогата на Организацијата за европска безбедност и соработка која има задача да го надгледува потпишаното примирје пред еден месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top