Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе престојува во официјална посета на Чешката Република на покана на неговиот чешки колега Бохуслав Соботка.
Двајцата премиери, јави известувачот на МИА, ќе имаат тет-а-тет средба, по што следат разговори на двете делегации.
Тема на разговорите ќе бидат политичките односи меѓу Македонија и Чешка, како и економските релации и можностите за зголемување на застапеноста на чешките компании на македонскиот пазар.
На средбата ќе стане збор и за европската и евроатлантската интеграција на Македонија, како и за можностите за унапредување на соработката во областа на образованието, културата и здравството.
Премиерот Груевски заедно со чешкиот премиер Соботка ќе го отворат бизнис форумот за трговски и инвестициски можности на чешките компании во Македонија, каде претставници на чешки компании ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред претставници на македонското Министерство за економија и Агенцијата за странски инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.