Министерството за внатрешни работи подготвува зголемување на казните за сообраќајни прекршоци, со што повеќе отколку сега ќе се казнува пречекорувањето на дозволената брзина, разговарањето на мобилен додека возите или неносењето безбедносен појас, јави „Канал 5“.
Телевизијата разговараше со инспекторот на МВР Иво Најдовски.
– Министерството за внатрешни работи предвидува засилени казни во однос на потешките прекршоци. За прекршување на брзината од над 50 километрина час од дозволеното предвидена е казна од 500 евра во денарска противвредност – потенцира инспекторот Најдовски.
МВР потврди дека е започната постапка за донесување на нов Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, „со кои ќе се зајакне безбедноста на сите учесници во сообраќајот и истовремено да се предвидат високи стандарди за лична одговорност на секој учесник во сообраќајот“.
Предлог-законот ќе биде ставен на јавен увид, а сите засегнати и граѓаните на Република Македонија ќе може да оставаат свои коментари, мислења и предлози откако тој ќе биде објавен на веб-сајтот на МВР и и Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk и ќе трае се до доставување на конечната верзија на Предлог текстот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата до Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.