Тренерот на „кралскиот“ клуб Реал Мадрид Италијанецот Карло Анчелоти му оддаде уште едно признание на својот играч Кристијано Роналдо.
Зборувајќи пред натпреварот од второто коло во рамките на Лигата на шампионите против Лудогорец во Софија тренерот Анчелоти се осврна на својата прва ѕвезда во тимот.
– Баз намера да било кого потценам, но Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер со кого сум работел. Он се бори до последен момент за својот дрес, тој е роден лидер. Иако многу малку зборува, тој ги предводи своите соиграчи со начинот на својата игра – изјави Анчелоти.
Натпреварот се игра вечерва со почеток од 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


