Актерката Лив Тајлер потврди дека очекува второ дете. Портпаролот на бремената бринета изјави за списанието Пипл дека таа е исклучително среќна што ќе добие нов член во семејството. Гордиот иден татко е нејзиниот партнер од пред неколку месеци – спортскиот менаџер Дејв Гарднер, кој е еден од најдобрите пријатели на Дејвид Бекам.
Триесет и седум годишната Лив се запозна со Британецот Дејв покрај најдобрата пријателка Кејт Мос во почетокот на годината.
Според нивни блиски Тајлер и Гарднер се вљубиле на прв поглед и од првата средба се неразделни делејќи го своето време меѓу Лондон и Њујорк.
Бебето ќе се приклучи кон поголемите браќа, 10-годишниот Мајли, кој е син на Лив од бракот со музичарот Ројстон Ленгден и 8-годишниот Греј, кој пак е син на Дејв од екс-сопругата, актерката Давиниа Тејлор.
Во моментов ќерката на Стивен Тајлер од бендот Аеросмит е ѕвезда во серијата на HBO “Остатоци”, каде се здружи со свршеникот на Џенифер Анистон – Џастин Теру.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


