Капитенот на Челси Џон Тери синоќа го одигра 100. натпревар во Лигата на шампиони, а искусниот дефанзивец по натпреварот со Спортинг му се заблагодари на Немања Матиќ, бидејќи му го разубавел јубилејот.
– Имавме неколку шанси, но ова беше една од оние ноќи кога топката не сака да влезе во гол. Му благодарам на Немања Матиќ за погодокот. Минатата година го загубивме првиот натпревар во групата, а потоа завршивме први, сега повторно ни е истата цел, да бидеме пак најдобри – изјави Тери и додаде дека е среќе поради 100. натпревар во дресот на „сините“ во Лигата на шампиони.
– Горд сум, не може секој да се пофали со вакво достигнување. Имав голема и успешна кариера, можам да ја продолжам во истиот стил, се чувствувам одлично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.