| четврток, 6 декември 2018 |

Марибор и Ибраими останаа непоразени и во второто коло од ЛШ (видео)

Најголемото изненадување во досегашниот дел од Лигата на Шампионите е тимот на Марибор за кого настапува македонскиот репрезентативец Агим Ибраими. И во второто коло Марибор остана непоразен овојпат на гостувањето во Гелзенкирхен против Шалке одигрувајќи 1-1 во рамките од групата Г.
Марибор прв го отвори резултатот со голот на Бохар во 37 минута и комплетно го изненадија тимот на Шалке како целата публика на стадионот.
За да го избегнат поразот Германците се погрижи интернационалецот од Холандија Клас Јан Хунталар кој го израмни резултатот во 56 минута.
Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар, а во 85 минута заработи жолт картон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top