Пари Сен Жермен ќе мора да се ослободи од неколку фудбалери во зимскиот преоден рок, во спротивност ќе бидат исфрелни од Лигата на шампиони следното лето, известуваат шпанските медиуми. Клубот од Париз ќе мора да го регулира купувањето на Нејмар според „фер-плеј“ правилото, а на излезна врата се Ди Марија, Пасторе, Дракслер, Бен Арфа, Лукас Мoура и Тијаго Силва.
Притисокот на водечките луѓе на неколку европски гиганти врз УЕФА вродил со плод, па европската куќа на фудбалот веќе го известила ПСЖ дека мора да продаде дел од своите ѕвезди за да ги задоволи критериумите за финансиски фер-плеј, во спротивно нема да биде казнет само парично, туку со исфрлање од ЛШ за следната сезона.
На оваа листа беа и Матуиди, Криховјак и Орие, но „парижаните“ се ослободија од нивните услуги летово, бекот се пресели во редовите на Тотенхем, Матуиди потпиша за Јуве, додека Полјакот замина во ВБА на позајмица. Од овие три трансфер ПСЖ заработи само 45 милиони, што се уште не ги задоволува бројките, па во овој случај „светците“ ќе мора да продадат уште најмалку тројца фудбалери во јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.