Александар Петрески негира дека би се појавил како независен кандидат за градоначалник на Охрид, што е спротивно на ставовите изнесени на седница на Советот на СДСМ во Охрид, составен од поранешни видни членови. Одредени членови на советот наводно сметаат дека доколку СДСМ ги бојкотира локалните избори, Петрески треба самостојно да настапи на нив, што е спротивно на ставовите на партијата.
Актуелниот градоначалник Петрески ивели дека ова се мислења на еден до двајца членови, кои наместо да извршуваат советодавна функција во партијата, во медиумите пласираат изјави зад кои ниту тој, ниту СДСМ не стојат.
-Овде се работи за лоша намера затоа што совети се даваат внатре во партија, не преку медиумите. Тоа е личен став на еден – двајца членови, а не на Советот во кој членуваат 50 членови. Јас можам да бидам кандидат за градоначалник само на СДСМ и на никој друг. Ставовите на партијата се јасни и ние нема да отстапиме ни милиметар од нив – изјави Петрески за Охридњуз.
И општинскиот огранок на партијата ги отфрли изнесените ставови од поединци во Советот на СДСМ во Охрид, посочувајќи дека зад таквото мислење не стојат останатите членови од советодавното тело, и најавија дека тие кои деновиве јавно ќе го соопштат својот став во врска со случајот.
Охридскиот портал наведува дека се обидел да стапи во контакт со дел од членовите на советот кои наводно имале спротивни мислења од централата, но и покрај обидите не успеал да добие официјална потврда за заклучоците донесени на последната седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


